Преспа Форум за дијалог 2023

Спасовски: Меѓународната соработка е клучна во управувањето со миграциите

15.06.2023 12:50

Клучна активност на нашиот пат натаму во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан претставува напредокот во реализирање на меѓународната прекугранична соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на информации, која е најдобар доказ за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент уште поповолен, а со тоа и напредокот во европските интеграции уште побрз, рече министерот за внатрешни, Спасовски...

Клучна активност во управување со миграции е меѓународната соработка. Потпишувањето на Договорот за статус помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража беше од суштинска важност за МВР-истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше домаќин на панел сесијата „Управување со миграциите на релација ЕУ – Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“, во рамки на Преспа форумот за дијалог кој денеска се одржува во Струга.

Нагласи дека клучна активност на нашиот пат натаму во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан претставува напредокот во реализирање на меѓународната прекугранична соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на информации, која е најдобар доказ за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент уште поповолен, а со тоа и напредокот во европските интеграции уште побрз.

„Миграцијата е извор на просперитет, иновации и одржлив развој. ИОМ ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан во промовирање сеопфатни, одржливи и ориентирани кон решенија пристапи за ефикасно управување со миграцијата и искористување на нејзиниот развоен потенцијал“, рече директорката на ИОМ, Ејми Поуп.

Како говорници во панел дискусијата учествуваа и министерот без ресор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, Јоханес Вагнер, директорот на МАРРИ, Сашко Коцев, началник на Оддел во Генерален директорат за миграции и внатрешни работи на Европската Унија, Павел Бусиакиевич, национален грасрут организатор на најголемото ромско движење во Северна Македонија, Аваја, Селвије Мустафи.