Столтенберг: Постигнувањето праведен и траен мир бара обезбедување помош за Украина
Дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. На состанокот ќе се разговара за продолжување на помошта за Украина и за зголемување на производството на муниција...

Дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Рано е да се каже кога ќе се донесат одлуки за обезбедување западни борбени авиони за Киев, но на состанокот ќе се разговара за продолжување на помошта и за зголемување на производството на муниција. Украинскиот претседател Зеленски повторно побара неговата земја наскоро да биде примена во НАТО. На фронтот и натаму жестоки битки.
„НАТО министрите за одбрана се среќаваат во критичен момент. Украина ја продолжува контраофанзивата. Поддршката на алијансата за Украина прави разлика на бојното поле. Постигнувањето праведен и траен мир бара обезбедување помош за Украина. Колку е поуспешна контраофанзивата, толку е поголема веројатноста дека рускиот претседател Путин некогаш ќе сфати дека не може да победи на бојното поле и дека мора да преговара“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
