Регион
Македонски државјанин убиен во Приштина
15.06.2023 11:03
Според првичните информации застреланиот е еден од осомничените за убиството во Старата скопска чаришија во „Шиша бар“ по кого се трагаше со меѓународна потерница.

Македонски државјанин убиен во престрелка во центарот на Приштина. Непознати лица стрелале кон автомобилот во кој била жрвтвата, потврди косовското МВР.
Од таму велат дека во запалено возило недалеку од инцидентот било пронајдено оружје за кое се смета дека е поврзано со убиството.
Според првичните информации застреланиот е еден од осомничените за убиството во Старата скопска чаришија во „Шиша бар“ по кого се трагаше со меѓународна потерница.
Македонското МНР е во контакт со косовските власти, се чекаат детали од исрагата и мотивот за убиството.
