Може и со овој тим, нели?
Иако вообичаено се прават тимови на играчи од земји што не учествуваат на светските првенства, може да се направи и состав на фудбалери кои од различни причини не се повикани во репрезентациите што избориле место на мундијалите.

Ако се земе предвид претстојниот фудбалски собир во Бразил, голман на таа дружина би можел да биде повредениот Виктор Валдез. Ешли Кол, Гаел Клиши, Алваро Арбелоа, Џолион Лескот, Миранда би конкурирале за одбранбената линија. Керик ќе го нема кај Англичаните, Насри кај Французите, Џакерини кај Италијанците. Тоа се играчи од средниот ред во којшто би можело да има место и за Кутињо, Кака, Роналдињо, за Лукаш Моура.
Тевез и Пасторе не добија повик да го облечат дресот на Аргентина, а Марио Гомез веќе не е столб на нападот на Германија. Солдадо не можеше да влезе ниту на поширокиот список на селекторот на Шпанија Дел Боске. На листата има уште фудбалери, па ако сакате да бидете селектор, слободно можете...