Блатер се „пишмани“
Првиот човек на светскиот фудбал најави дека најверојатно шампионатот ќе биде игран во зима поради летните горештини во азиската земја...

Претседателот на ФИФА, Жозеп Сеп Блатер, ја призна грешката да му се додели организацијата на Светското првенство во 2022-та на Катар, но уште еднаш цврсто ги демантираше гласините за евентуална корупција во донесувањето на одлуката.
Првиот човек на светскиот фудбал најави дека најверојатно шампионатот ќе биде игран во зима поради летните горештини во азиската земја.
„Никогаш не сум рекол дека Катар ја купи организацијата, туку дека политички причини влијаеа на одлуката“, објасни Блатер. „Тоа беше грешка. Ико многумина напоменаа дека ќе биде премногу топло да се игра во Катар Извршниот комитет со огромно мнозинство ја донесе одлуката“, рече Блатер.
