Македонија
Продолжуваат протестите на вработените во јавниот сектор
15.06.2023 14:58
Последни незадоволство изразуваат вработените во Царина, судските административци и во Управата за Јавни приходи...

Протестите и штрајковите на вработените во јавниот сектор продолжуваат. Последни незадоволство изразуваат вработените во Царина, судските административци и во Управата за Јавни приходи.
Тие не сакаат да работат за потпросечни плати, додека функционерите добиваат за 78 отсто повисоки плати. Со затворени граници и неисплаќање на плати на вработените во земјата, се заканија вработените во Царинската управа и во Управата за јавни приходи (УЈП).
Тие се последни во низата вработени во јавниот сектор, кои бараат зголемување на нивните плати и исплаќање на додатоци.
