Николовски: Квалитетното водоснабдување е посебно важно за жителите во руралните средини
Честите и обилни врнежи за сега немаат големо влијание врз земјоделските култури, има неколку пријави за земјоделски штети од помал обем, информираат од Министерството за земјоделство. Додаваат дека доколку дојде до штети од големи размери, ќе им се помага на земјоделците преку Интервентниот фонд. Министерството за земјоделство заокружува неколку крупни проекти за водоснабдување низ државата …

Водоснабдувањето е приоритетна цел на Министерството за земјоделство, од каде најавуваат финиширање на неколку капитални проекти во наредните месеци.
Квалитетното водоснабдување е посебно важно за жителите во руралните региони, истакна министерот, кој денес го означи стартот на работата на пречистителната станица во Општина Карбинци, како дел од Хидросистемот „Злетовица“.
Хидросистемот „Злетовица“ долгорочно го решава водоснабдувањето на околу 80 илјади жители во пет општини од истокот. Освен Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци, останува кон системот да се приклучи и Општина Лозово.
Славица Величковска
