Средба на претседателот Пендаровски со Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка
Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, на средбата беа разменети мислења за севкупните активности на нашата држава во рамки на Обединетите нации, како и за состојбите во регионот на Западен Балкан и поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина...

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на Обединетите Нации за Европа, Централна Азија и Америка во Одделот за политички и мировни прашања, кој престојува во нашата држава по повод учеството на Преспа форум за дијалог 2023.
Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, на средбата беа разменети мислења за севкупните активности на нашата држава во рамки на Обединетите нации, како и за состојбите во регионот на Западен Балкан и поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.
Претседателот Пендаровски изрази поддршка на севкупните напори на ОН во справувањето со глобалните прашања.
Претседателот Пендаровски го истакна примерот на нашата држава, која со потпишувањето на Преспанскиот договор, под покровителство на Обединетите Нации, даде силен придонес за севкупната стабилност на регионот.
