Ковачевски: Предизвиците ги претвораме во можности со функционален пример за дијалог, применлив и за регионот и Европа
Премиерот Ковачевски ја отвори сесијата: „Договорот од Преспа за пет години: предизвиците претворени во можности“, на којашто присуствуваат претставници на високо политичко ниво од регионот и од Европската Унија, САД и НАТО...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог, што се одржува денеска и утре во Струга. Пет години од Преспанскиот договор. Форумoт посветен на документот потпишан во Њивице меѓу Димитров и Коѕиас, станува препознатлив во светот. И овојпат, денеска и утре се отворија теми посветени на политиката, економија, но и на младите. Неизбежна е војната во Украина, но и проширувањето на Европската унија.
За Преспанскиот форум во Струга известува Ирина Гелевска.
