Германија

Бундестагот ја изгласа поддршката за македонско членство во ЕУ

15.06.2023 22:47

Според парламентарците, станува збор за земја од 2 милиона жители која има право да биде во Унијата...

Германскиот Бундестаг ја изгласа поддршката за македонско членство во ЕУ. Резолуцијата што ја поднесоа парламентарните групи на трите владејачки коалициски партнери – Социјалдемократите, Зелените и Либералите, вклучува и конкретни препораки до Владата на канцеларот Олаф Шолц во однос на европската перспектива на Северна Македонија.

Според парламентарците, станува збор за земја од 2 милиона жители која има право да биде во унијата. Во декларацијата се бара од Софија да не ја блокира земјата при отворањето на преговорите. Германските пратеници дадоа поддршка и за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ.