Евроинтеграции

Бундестагот ја изгласа резолуцијата за поддршка за членството на Македонија во ЕУ

16.06.2023 09:29

Документот го предложи владејачката парламентарна група на Социјалдемократите, Зелените и Либералите. Против беше опозицијата, вклучително и ЦДУ на поранешната канцеларка Меркел.

Германскиот Бундестаг изгласа резолуција за поддршка за членството на Македонија во ЕУ, но и за македонски јазик и идентитетот. Документот го предложи владејачката парламентарна група на Социјалдемократите, Зелените и Либералите. Против беше опозицијата, вклучително и ЦДУ на поранешната канцеларка Меркел.

„Граѓаните ја губат вербата во ЕУ перспективата. Мора да ја вратиме довербата во ЕУ и да ги искористиме сите можности за да ги охрабриме нашите партнери во Северна Македонија. Промената на Уставот не го загрозува македонскиот идентитет, туку напротив, го зајакнува мултиетничкиот карактер на државата. Тврдењата дека ова ќе го загрози идентитетот се погрешни. Вметнувањето дополнителни заедници во Уставот, напротив само ќе го зајакне мултиетничкиот карактер на државата, која е пример за целиот регион“, изјави Ана Лирман министерка за надворешни работи на Германија.

Таа најави дека наскоро повторно, по четврти пат во последната година, ќе дојде во Скопје заедно со нејзините колеги од Франција и Полска во обид да се охрабрат уставните измени.