Косово-Србија

Белград и Приштина да ја деескалираат ситуацијата, порача Стејт департментот

16.06.2023 09:51

САД веруваат дека двете страни мора да преземат итни чекори за деескалација на тензиите и да го спроведат планот од три точки на Европската унија...

„Србија да ги ослободи косовските полицајци, а Косово да ја повлече полицијата“, порача Стејт департментот. САД веруваат дека двете страни мора да преземат итни чекори за деескалација на тензиите и да го спроведат планот од три точки на Европската унија. Според нив, косовскиот премиер Курти мора да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат преодните должности од алтернативни локации и да ги повлечат полициските сили.

По забраната за премин на српските камиони од страна на Приштина, во северниот дел на Косово и денеска колони со возила на сите административни пунктови. На Мердаре, Јариње и Кончуљ поминуваат само патнички возила и камиони со странски таблички.