Конвој на МААЕ запрен поради неколкуминутно пукање
Киев тврди, а Русија демантира дека украинската контраофанзива на истокот и југот од земјата напредува. Конвојот на МААЕ, кој е во посета на нуклеарната централа, бил запрен поради пукање...

Киев тврди, а Русија демантира дека украинската контраофанзива на истокот и југот од земјата напредува, при што е вратена контролата над 100 квадратни километри во Доњецката и Запорошката област. Конвојот на МААЕ, кој е во посета на нуклеарната централа, бил запрен поради пукање.
„Една од најсериозните последици од уривањето на Нова Каховка е намалувањето на нивото на водите за ладење на нуклеарната централа. Кај реката и резервоарот зад мене се гледа дека нивото постепено се намалувало, и уште поважно, водата во базенот за разладување останала на сегашното ниво што значи дека објектот може да продолжи да се лади. Ова нема да трае предолго, можеби неколку месеци. Со алтернативни мерки ќе ја надополнуваме водата“, изјави директорот на МААЕ Рафаел Гроси.
Украина проценила дека 150 деца биле киднапирани од Луганск. Досега успеале да вратат 373 кои биле илегално депортирани во Русија. Западот продолжува со воената помош за Украина којашто е тема и на бриселскиот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Европскиот парламент усвои резолуција за прием на оваа земја по војната.
