Заштита од сонце во летниот период

16.06.2023 10:03

За правилна и целосна заштита на кожата во лето важно е да изберете соодветен крем со УВ заштита и да ги познавате својствата на кожата и нејзината чувствителност на сонце...

Прекумерното изложување на сонце и на штетните ултравиолетови зраци (УВ) ја зголемува можност за заболување од меланом.

За правилна и целосна заштита на кожата во лето важно е да изберете соодветен крем со УВ заштита и да ги познавате својствата на кожата и нејзината чувствителност на сонце. Прво и основно правило за заштита од штетните сончеви знаци е дека периодов никаде и никогаш не смеете да одите без да се намачкате со соодветен крем со заштитен фактор. Заборавете на безгрижно сончање, избегнувајте солариум и заштитите се со висок фактор кога шетате низ град или на планина, дури и додека се возите во автомобил. Од 12 до 16 часот, кога УВ индексот во текот на летните месеци е највисок, изложувањето на сонце треба да се сведе на минимум, особено ова важи за децата. Во текот на целиот ден важно е да се нанесува средство со заштитен фактор, во интервал на секои два часа, по можност и почесто. Оние кои поради работа или некои други обврски мора да излегуваат во тој период, се препорачува да носат лесна и светла облека.

Заштитен фактор (SPF) е ознаката која означува колку време може да поминеме на сонце со некое заштитно средство без кожата да ја изложиме на оштетување. Колку е повисок заштитниот фактор, толку е поголемо неговото заштитно делување. Исто така треба да се спомене дека SPF ознаката дава приближни вредности, постојат и други фактори кои влијаат на безбедноста при сончање, како на пример типот на кожата, својствата на производот кој се користи и атмосферските услови. Секоја кожа има различни карактеристики, или припаѓа на одреден фототип. Затоа, за правилна и целосна заштита исклучително важно е да се знаат својствата на сопствената кожа и нејзината чувствителност на сонце. Знаејќи го ова, не само што ќе знаеме колку време смееме да поминеме на сонце, туку и кое средство да го избереме.

Катерина Стојановска Десковска