Протест на вработените во Царинската управа и во УЈП
Незадоволни се што платите со години не им пораснале, а правото на додаток од 30 проценти, кој е впишан и во колективниод договор, никогаш не бил исплатен.

Напладне вработените од Царинската управа излегуваат на предупредувачки протест. Ако не добијат повисоки плати, најавуваат радикализирање на протестите со затворање на граничните премини.
Незадоволни се што платите со години не им пораснале, а правото на додаток од 30 проценти, кој е впишан и во колективниод договор, никогаш не бил исплатен.
И вработените од УЈП на протест. Го повикаа министерот Бесими да ги исполни нивните барања- повисоки плати и потпис на новиот колективен договор, за да нема генерален штрајк.
Бесими, пак, и натаму на истиот став- системско, а не поединечно решение дефинирано заедно со синдикатите е единствено одржливо решение кое ќе обезбеди раст на платите.
