Србија

Поплави во Србија, вонредна состојба во триесетина градови

16.06.2023 11:48

Се евакуира дел од населението во погодени подрачја. Оштетен е мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево...

Вонредна состојба во триесетина градови и општини поради поплавите во Србија. Се евакуира дел од населението во погодени подрачја. Оштетен е мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин.

Метеоролозите очекуваат поголемо количество врнежи во источните, централните и југоисточните делови на Србија.