ВАТИКАН

Девет дена по операцијата, Папата Франциск ја напушти болницат

16.06.2023 12:02

Поглаварот на Римокатоличката црква беше изнесен во инвалидска количка. Тој изјавил дека е доволно здрав за да патува...

Папата Франциск ја напушти болницата, девет дена по операцијата на абдоменот.

Поглаварот на Римокатоличката црква беше изнесен во инвалидска количка. Тој изјавил дека е доволно здрав за да патува.

Како што беше претходно најавено, сите должности на папата до 18-ти јуни се откажани, но тој сепак треба да ја посети Португалија од 2-ри до 6-ти август, по повод Меѓународниот ден на младите.