Вардар не играше, три екипи на врвот
Шкендија и Пелистер не погодија во противничките мрежи во меѓусебниот дуел од 18-то прволигашко фудбалско коло. Иако натпреварот беше динамичен, лошите услови не дозволи стрелците да дојдат до израз. Ремито на битолскиот тим, но и фактот што Гостивар и Вардар не играа поради тешкиот терен, го искористија Металург и Работнички кои победија во оваа рунда од најквалитетното домашно фудбалско друштво и сега се на делба на водечкото место на табелата.

Шкендија и Пелистер не погодија во противничките мрежи во меѓусебниот дуел од 18-то прволигашко фудбалско коло. Иако натпреварот беше динамичен, лошите услови не дозволи стрелците да дојдат до израз. Ремито на битолскиот тим, но и фактот што Гостивар и Вардар не играа поради тешкиот терен, го искористија Металург и Работнички кои победија во оваа рунда од најквалитетното домашно фудбалско друштво и сега се на делба на водечкото место на табелата. Металург ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 1-0 со голот на Симоновски од пенал во првото полувреме, а Работнички уште вчера се радуваше над Напредок со 4-3.
Турново немаше проблеми со Ренова и триумфираше со 4-0. Погодија Блажевски, Ристовски и двапати Ејупи. Брегалница и Еуромилк ги поделија бодовите со резултат 1-1. Еуромилк водеше преку Јашаровски, а израмни Здравков од пенал точката.
***
Прва лига фудбал, 18.коло, резултати:
Шкендија – Пелистер 0-0
Турново – Ренова 4-0
Металург – Македонија ЃП 1-0
Брегалница – Еуромилк 1-1
Гостивар – Вардар (одложен)
Работнички – Напредок 4-3
***
Табела:
1.Турново 31
2.Работнички 31
3.Пелистер 31
4.Вардар 30 (-1)
5.Металург 29
6.Ренова 24
7.Еуромилк 22
8.Брегалница 22
9.Шкендија 22
10.Македонија ЃП 16
11.Напредок 13
12.Еуромилк 11 (-1)
Тони Стојановски
