Нема опасност од поплави во Македонија

16.05.2014 13:06

Нема најава за обилни врнежи. Се следи нивото на реките и на водотеците, а ќе се чистат и каналите...

Кризниот штаб со проценка на состојбата во Македонија по полавите во регионот. Засега нема опасност од поплави бидејќи временските услови се поволни.

Нема најава за обилни врнежи. Се следи нивото на реките и на водотеците, а ќе се чистат и каналите.

На располагање се сите ресурси за превентивно дејствување.

Состојбата во регионот и натаму е драматична. Србија прогласи вонредна состојба. Пристига и странска помош.

Во Босна и Херцеговина активирана и армијата. Во Хрватска силни ветрови и бура на Јадранот.