Судство

Кривичен го отфрли барањето за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“

16.06.2023 13:18

Рочиштето се одложи бидејќи одбраната има можност да поднесе жалба до повисокиот суд...

Основниот кривичен суд го отфрли како неосновано барањето за амнестија, во случајот познат како „Организатори на 27 април“, затоа што не биле исполнети условите од Законот за амнестија.

Рочиштето се одложи бидејќи одбраната има можност да поднесе жалба до повисокиот суд.

Барање за амнестија поднесоа сите четворица обвинети, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Им се суди одново за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, откако скопска Апелација ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно одлучување.

Една од причините за оваа одлука беше и тоа што недоволно биле разгледани, односно, биле занемарени приговорите во претходните барања за амнестија.