Филе го пофали напредокот на Македонија во односите со Бугарија
Канцеларијата на комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, доцна синоќа излезе со соопштение за неговата средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во кое посебно го пофали напредокот на нашата земја во односите со соседна Бугарија.
Според соопштението тие разговарале за последните случувања во земјата и напорите за интеграција во Европската Унија.
Во однос на неодамнешните парламентарни избори, комесарот Филе посочил на повторените препораки на ОБСЕ/ОДИХР, кои се опфатени со Копенхашките политички критериуми.

Комесарот укажа на важноста од конструктивен дијалог, ангажирање на сите партии, во интерес на целата земја, се вели во соопштението на европската комисија.
Во однос на добрососедските односи, комесарот Филе според соопштението, го повикал претседателот на Македонија да прикаже особено значење за договорно и заеднички прифатливо решение за прашањето за името.