Македонија

Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

16.06.2023 14:45

Во документот се нагласува дека Владата го усвои законот за компензација на жртвите на насилен криминал, но се критикува дека потфрлила во неколку клучни области...

Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа – ова е наведено во последниот извештај на Стејт департментот.

Во документот се нагласува дека Владата го усвои законот за компензација на жртвите на насилен криминал, но се критикува дека потфрлила во неколку клучни области. Обвинителството за гонење организиран криминал нема доволно ресурси да се справи со сите случаи.

Во извештајот се наведени и препораки за земјава да ја засили борбата со трговијата со луѓе.