Дождовите им направија проблеми на пелагониските земјоделци
Пелагониските земјоделски со измешани чувства. Додека едни не го кријат задоволството што меѓу првите добија решенија за поддршка за набавка на нов трактор, други стравуваат за развојот и родот на пролетните и раноградинарските култури поради континуираните дождови, преголемата влага и максималното пробивање на оптималните рокови…

Пелагониските земјоделци одамна не паметат подолга и понеизвесна пролетна сеидба. Предолгиот пролетен врнежлив бран го отежнува исполнувањето на пролетниот сеидбен план и при максималното пробивање на оптималните рокови.
Континуираните пролетни дождови направија големи проблеми. Температурата на почвата е ниска. Тешко влегуваме во парцелите, а на некои и пресадуваме. Доколку вака продолжи ќе има сериозни удари врз родот, велат земјоделците.
Министерот Николовски вели, состојбите се следат и преку мерките кои ги презедовме. Нема да има недостаток од храна.
Во рамките на една од петте стимулативни мерки, денес беа доделени и првите решенија за поддршка при набавка на нов трактор.
Што се однесува на откупната цена на лебното зрно, во пресрет на жетвата, ресорниот министер рече дека од денеска заседава подсекторската група за жито во која учествуваат сите засегнати страни.
Стевче Митревски
