Одбележани 80 години од масакарот кај Ваташа
Одбележани 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци во Кавадарци. Во нивна чест откриени 12 бисти. Отворена и спомен-соба. Испратена порака да не се заборави и да не се повтори...

Со откривање на бистите на 12 стрелани младинци од селото Ваташа, се оддаде почит на 80-годишнината од крвавиот настан, кој остана забележан во историјата од НОБ. Бројни потомци од семејствата на стреланите положија цвеќе на спомениците. Сеќавањата со годините не бледнеат, тие се пренесуваат од колено на колено.
Спомен бистите се дела на кавадаречките уметници Кирил Мукаетов и Димитар Самарџиев, додека на спомен собата во Моклиште, каде се предмети, фотографии и документи од стреланите момчиња е Весела Чекорова. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев побара извинување од сторителите на масакрот, бугарскиот окупатор.
На свеченоста присуства претставници на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски а министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска порача дека и по осум децении болката не бледнее.
На настанот присуствуваа повеќе опозициски партиски лидерите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски кажа дека факт е што бугарскиот фашистички окупатор стрелал 12 младинци за што треба новиот бугарски министер за надворешни работи да дојде во Ваташа и да се извини.
Петар Печков
