Конференциски финалиња за Оклахома и Индијана!
Во шестиот натпревар „Тандерс“ и „Пејсерс“ ги заврпија полуфиналните НБА плеј – оф серии против Клиперс, односно Вашингтон.

Во шестиот натпревар „Тандерс“ и „Пејсерс“ ги заврпија полуфиналните НБА плеј – оф серии против Клиперс, односно Вашингтон.
Предводена од најдобиот кошаркар во лигашкиот дел од сезоната Оклахома ги совлада Клиперс со 104:98. Кевин Дурент беше фантастичен со 39 поени и 16 скока и како по обичај имаше голема поддршка од Расел Вестбрук со 19 коша и 12 асистенции. Кај екипата од Лос Анџелес најрасположени беа Крис Пол со 25 поени и 11 додавања за кош и Блејк Грифин со 22 поена. Во финалето на западната конференција Оклахома ќе игра против Сан Антонио којшто ќе ја има предноста на домашниот терен во евентуалниот седми натпревар.
Во серијата којашто ќе реши кој ќе биде најдобар на „истокот“ повторно ќе играат Индијана и Мајами. И минатата сезона „Пејсерс“ влегоа како подоброрангирани, но Мајами беше подобар во мајсторката. За шанса за реванш Индијана се избори со триумфот против Вашингтон со 90:83. Дејвид Вест реализираше 29 поени кај домаќинот, додека најефикасен кај „Визардс“ беше Марчин Гортат со 19 коша.
