Ковачевски: Бундестагот даде недвосмислена поддршка за нашето членство во ЕУ со заштитен јазик, идентитет и култура
За премиерот Ковачевски, одлуката на Бундестагот е потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за локална телевизија, ја поздрави одлуката на германскиот парламент, кој усвои резолуција со која ги потврдува македонската култура, јазик, идентитет. За премиерот Ковачевски, оваа одлука на Бундестагот е потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура.
„Ова е апсолутно голема одлука на Бундестагот во Германија, тоа е одлука којашто јас ја најавив прв, меѓутоа не ја посочив државата. Кажав дека една од најголемите држави во ЕУ по сите параметри меѓутоа и една од најголемите држави во светот по сите параметри ќе донесе резолуција во својот парламент за потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура. Сум среќен што тоа го направи германскиот Бундестаг“, рече премиерот Ковачевски во интервјуто.
Претседателот на Владата изрази жалење што резолуцијата не доби поддршка од партнерските и сестрински партии на ВМРО – ДПМНЕ.
Премиерот за усвоената резолуција упати благодарност до социјалдемократите, либералите во Германија коишто се сестринска партија на ЛДП и партијата на зелените во Германија, коишто се сестринска партија на ДОМ во Република Северна Македонија и се дел од владината коалиција.
