Реакција

ОТА: Доследно го почитуваме законот

16.06.2023 20:40

Оперативно-техничката агенција ги демантираше тврдењата на пратеникот Петрушевски...

Оперативно-техничката агенција ги демантираше тврдењата на пратеникот Петрушевски. Ги нарече дезинформација. Од ОТА негираат дека е прекршен законот и дека на било кој начин се преземени чекори за нарушување на националната безбедност. Напротив, појаснуваат дека во постапката се вклучени сите засегнати институции и се добиени позитивни мислења.

ОТА е истакнат застапник на доследното спроведување на законитоста, надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, велат од таму.

Агенцијата ги повикува граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на како што ги нарече, политички мотивирани изјави дадени во особено сензитивни околности.