цук
Невреме со пороен дожд попладнево го зафати Куманово
16.06.2023 22:02
Улиците во Куманово беа полни со вода, а шахтите не ја апсорбираат надојдената количина...

Силно невреме проследено со пороен дожд и ветер попладнето го зафати Куманово и североистокот. Улиците во Куманово беа полни со вода, а шахтите не ја апсорбираат надојдената количина. Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ на терен ги чистат јавно прометните површини, како и неколкуте откорнати дрвја.
Поради зголемениот водостој можно е излевање на реката Пчиња во село Пелинце, како и на Крива Река во Клечовце и Стрезовце, информираше Центарот за управување со кризи. Зголемениот доток на вода може да предизвика притисок и врз конструкциите на мостовите.
