Македонија

Пет години од потпишувањето на Договорот од Преспа

17.06.2023 08:42

Договорот, кој многумина го сметаат за историски, но и модел за мирно решавање на споровите, го потпишаа тогашните министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц и други високи меѓународни претставници.

Пет години од потпишувањето на договорот од Преспа. Со него се затвори долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција и се отвори патот за нови перспективи во билатералните односи.

Договорот, кој многумина го сметаат за историски, но и модел за мирно решавање на споровите, го потпишаа тогашните министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц и други високи меѓународни претставници.

По ратификувањето во двата парламенти, договорот, на 12-ти февруари 2019-та година и официјално стапи во сила.

Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/ државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

На решението му претходеа преговори што траеја 27 години.