Со доделување на наградите затворен МТФ „Војдан Чернодрински“
Со доделувањето на наградите на најдобрите театарски остварувања и со претставата на Српско драмско позориште од Нови Сад во чест на наградените, заврши 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Богата програма и оценка за мигот на театарската уметност кај нас…

Осумдневната театарска магија што ја донесе македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ се заокружи со аплауз и валоризација на најдобрите остварувања во театарската уметност. Претставата на битолскиот театар „Мy name is Medeja“ е најдобра и преку современ сценски израз ја пренесе приказната од реалноста – тагите и радостите на емигрантка во странска земја.
Пет награди понесе Драмски театар, две турскиот, по една прилепскиот и Театарот за деца и младинци. Фестивалот донесе богата програма, ама ќе чека претстава од домашен автор од македонските национални театри.
Во чест на наградените, српско драмско позориште од Нови Сад ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.
Елизабета Митреска
