Македонија

Се излеа Раечка Река, во прекин сообраќајот на патот Градско – Прилеп

17.06.2023 09:49

На клучката кај местото наречено „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.

Поради обилни врнежи дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец, од седум часот сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин, информираат од Центарот за управување со кризи.

На клучката кај местото наречено „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.

Се преземаат мерки за расчистување уверуваат од ЦУК.