Косово

Приштина продолжува да го блокира преминувањето на возила со српски регистрации

17.06.2023 10:10

Оклопни возила во текот на ноќта патролираа на северот. Вашингтон бара смирување на ситуацијата и продолжување на дијалогот.

Приштина продолжува да го блокира преминувањето на возила со српски регистрации преку административните контролни пунктови. Оклопни возила во текот на ноќта патролираа на северот.

Граѓаните продолжуваат со протестите поради апсењето на четворица Срби. Вашингтон бара смирување на ситуацијата и продолжување на дијалогот.

Шефот на европската политика и безбедност Борел ги покани Курти и Вучиќ во Брисел по апсењето на косовски полицајци.

Косовскиот премиер Курти вели дека сè уште не одлучил дали ќе присуствува на состанокот. Тој додаде дека повикот дошол кога ескалацијата е голема колку планина.