Дојран ги обезбеди потребните пари за колекторскиот систем и нова пречистителна станица
Околу 3,5 милиони евра обезбеди општина Дојран изминатиов период за решавање на проблемот со дотраениот колекторски систем и изградбата на нова пречистителна станица. Освен Владата пари додели и словенечката амбасада во висина од 1,3 милиони евра по што ќе следува распишување на тендерите за овие два проекти…

Општина Дојран ги обезбеди потребните пари за реконструкција на колекторскиот систем и изградба на нова пречистителна станица. Освен од Владата, која додели околу 2,2 милиони евра, пари во вид на грант додели и словенечката амбасада во висина од 1,3 милиони евра. Со овие средства локалните власти очекуваат да се реши проблемот стар 40 години.
Како што тврди првиот човек на општина Дојран, Анго Ангов, по обезбедувањето на средствата се очекува да се распишат тендерите за реализација на двата проекти. Оптимисти се дека на есен ќе се знаат економските оператори и ќе отпочне реализацијата.
Изградбата на новиот колекторски систем и пречистителна станица треба да овозможи и поголема заштита на езерото и подобрување на квалитетот на водата во езерото.
Ване Трајков
