Македонската фудбалска репрезентација загуби од Украина
За двете репрезентации ова беше втор натпревар во квалификациите за Европското првенство по кој двете имаат по три бода.
Македонската фудбалска репрезентација вчера вечер загуби од Украина со 2:3 во квалификациски натпревар за ЕУРО 2024.
Резултатот го отвори Енис Барди во 31. минута од пенал досуден по интервенција на ВАР собата. Девет минути подоцна Елиф Елмас зголеми на 2:0 со прекрасен удар од околу 30 метри откосо.
Целосно различна слика на теренот во второто полувреме. Илја Забарњи во 62. минута намали на 2:1 по вториот корнер за гостите. Јуким Конопља изедначи во 68. минута, Виктор Цигангов во 83. минута го најави целосниот резултатски пресврт.
Од 72. минута нашата репрезентација играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Висар Муслиу (втор жолт картон).
За двете репрезентации ова беше втор натпревар во квалификациите за Европското првенство по кој двете имаат по три бода.
Англија на 19-ти јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе ја пречека македонската репрезентација, додека Украинците ќе се соочат со Малта.
