Црвениот крст и компаниите ги усогласија приоритетите за годинава
Меѓусебно ќе се координираат во исполнувањето на обврските во корист на граѓаните...

Црвениот крст и бизнис секторот на заедничка средба ги усогласуваа приоритетите за годинава. Меѓусебно ќе се координираат во исполнувањето на обврските во корист на граѓаните.
Имаме одлична соработка со компаниите. Секаде каде што се обраќаме со идеи, секаде каде што компанијата го наоѓа интересот за промовирање на одговорноста во општеството наидуваме на поддршка, рече генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити.
Од ЕВН Македонија велат дека корпоративно општествената одговорност за нив претставува долга традиција.
„Ние започнавме со поединечни донации во соработка со Црвениот крст и продолживме со еден активен проект моментално, а тоа е грижата за старите лица. Со тоа ние ја засиливме поддршката на Црвениот крст на Република Македонија“, изјави Вернер Хенгст, претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија.
