Македонија

МВР: Претрес во Тетово, пронајдена дрога

17.06.2023 11:41

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Вчера околу 18.25 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода К.Р.(24) од Тетово затоа што по извршен претрес, а по претходна судска наредба од Основен суд Тетово, во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.