Украина
Зеленски: Мировни преговори ќе бидат можни само откако Москва ќе ги повлече своите сили
17.06.2023 11:45
Голем број африкански нации останаа неутрални за украинската војна.

Мировни преговори со Русија ќе бидат можни само откако Москва ќе ги повлече своите сили од окупираната украинска територија, вели украинскиот претседател Зеленски по состанокот со африканските лидери.
„Да се дозволи какви било преговори со Русија сега, додека окупаторот е на наша земја, значи замрзнување на војната, замрзнување на болката и страдањето. Потребен ни е вистински мир и вистинско повлекување на руската армија од целата наша независна земја“, изјави Зеленски.
Голем број африкански нации останаа неутрални за украинската војна. Некои имаат добри односи со Русија, но поголемиот дел се со поблиски економски врски со САД и Европа.
