Свет
Блинкен: Подобра комуникација меѓу САД и Кина
17.06.2023 11:55
Блинкен е највисокиот член на администрацијата на Бајден што ќе ја посети Кина.

Непосредно пред да тргне во Пекинг, државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја нагласи важноста на САД и Кина да воспостават подобри линии на комуникација.
„САД сакаат да се погрижат конкуренцијата што ја имаме со Кина да не премине во конфликт поради недоразбирања што може да се избегнат. Патувањето е суштинско, но недоволно. Постојат фундаментални разлики во погледите и вредностите, и потребно е време за да се изгради меѓусебно почитување и доверба“, нагласи Блинкен.
Блинкен е највисокиот член на администрацијата на Бајден што ќе ја посети Кина.
