Македонија

Поради обилни врнежи и излевање на Раечка Река, регионалниот пат Градско- Прилеп е блокиран

17.06.2023 13:10

Поради обилни врнежи дожд и излевање на Раечка Река, регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин. На клучката кај „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите свлечиште и одрон на карпи. Има огромни колони, но нема заглавени возила велат од ЦУК. Се преземаат мерки за расчистување…

Повеќе од пет часа е непрооден и прекинат е сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај новите тунели. Патот е поплавен и од поројните дождови излеана е Раечка Река. Од соседните општини, како Кавадарци се издаваат препораки до граѓаните да бидат внимателни и да не патуваат кон селото Раец, кон Фариш и кон Прилеп. Нема заглавени возила, но според информацијата од АМСМ на клучката кај „Мотел Дреново“ на коловозот има големи количества вода, а кај Плетвар пред тунелите имало свлечишта и одрон од карпи.

Се интервенира со механизација, но сè уште не се знае кога ќе се повлечи водата и ќе биде оспособен патот. Не е прв пат на оваа делница да има излевања на Раечка Река и наноси на патот.

Поројни поплавувања има на повеќе места во државава.

Елизабета Митреска