Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Градско- Прилеп

17.06.2023 16:13

Овој патен правец беше во целосен прекин од 7:20 часот поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец...

По речиси седум часа, нешто по 14 часот повторно е пуштен за сообраќај магистралниот пат Градско-Прилеп кај селото Раец, каде Раечка Река од поројните дождови предизвика поплави.

Надлежните ги расчистуваа наносите од песок и тиња, како и одроните на карпи кај Плетвар. Од Македонија пат и полицијата велат дека го регулираат сообраќајот, затоа што се создадоа огромни колони возила.

Надлежните предупредуваат на внимателно возење, бидејќи сепак сè уште има ситен нанос на патот.

Елизабета Митреска