УХМР

Облачно со повремени врнежи од дожд

18.06.2023 08:44

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.