Македонија

На граничниот премин Богородица за излез се чека 30 минути

18.06.2023 09:28

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција и чекањето за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ до учесниците во сообраќајот препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.