Регион
Србија: Мирна ноќ по поплавите, се санираат штетите
18.06.2023 10:03
Евакуирани се над 300 лица. Патиштата се оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони.

Дежурните екипи во Србија ја следат состојбата на терен. Ноќта помина мирно, но и натаму во сила е вонредна состојба во 56 градови и општини. Се санираат штетите по невремето и поплавите.
Евакуирани се над 300 лица. Патиштата се оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони.
Најкритично во околината на Краљево, а со водената стихија се бореа речиси сите делови на централна и западна Србија.
