Први резултати од селекцијата на отпад
Три општини од југоистокот интензивно работат на селекција на отпадот. Во Струмица, Гевгелија и Валандово домаќинствата добија посебни садови за пластика, хартија, лименки. Комуналните претпријатија задоволни што граѓаните го сфатија значењето од примарна селекција на комуналниот отпад…

Повеќе од пет тона пластика и лименки се собрани во Струмица откако почна процесот на селекција на отпадот во населбите Карпош и Чифлик. Опфатени се околу 1.200 домаќинства кои добија посебни садови за пластика од струмички „Комуналец“, од каде пак тврдат дека струмичани сериозно ја сфатиле потребата од примана селекција на отпадот.
Селекција на отпад има и во Гевгелија. Тамошното комунално претпријатие подели околу 2.000 канти и шеесетина контејнери, сè со цел да се намалат количините отпад во новата времена депонија.
Во општините од југоистокот селекција на отпад се врши и во Валандово, каде граѓаните кои сакаат да селектираат добиваат соодветни кеси и преку мобилна апликација го пријавуваат во комуналното претпријатие, кое еднаш неделно го подига од домаќинствата.
Ване Трајков
