РУСИЈА

Путин го обвини Киев за војната во Украина

18.06.2023 11:36

Говорејќи на состанокот со африкански лидери, Путин ја префрли вината за почетокот на конфликтот уште во 2014 година.

Рускиот претседател Путин уште еднаш ги обвини властите во Киев за тековниот конфликт во Украина. Говорејќи на состанокот со африкански лидери, Путин ја префрли вината за почетокот на конфликтот уште во 2014 година.

„Тоа беше режимот во Киев кој ја започна оваа војна во 2014 година. И ние, во согласност со член 51 од Повелбата на ОН, имавме право да им помогнеме, повикувајќи се на клаузулата за самоодбрана“, нагласи рускиот претседател Владимир Путин.

Лидери и претседатели на комори на седум африкански земји – отпатуваа во Санкт Петербург на средба со рускиот претседател на бизнис форум во вториот по големина град во Русија. Побара запирање на конфликтот.

„Ние навистина веруваме дека ова е време двете страни да преговараат и да ја прекинат оваа војна, бидејќи предизвикува голема нестабилност и штета на различни земји ширум светот. И ние, како африкански земји, го чувствуваме влијанието на војната“, рече Сирил Рамафоса, претседател на Јужна Африка.

Претходно лидерите беа и во Киев на средба со украинскиот претседател Зеленски.