САД

Бајден го одржа првиот митинг од кампањата за реизбор

18.06.2023 11:53

На собирот истакна дека неговата политика отворила работни места и ја подигнала средната класа. Според него, сега е време богатите да го платат својот дел во даноците.

Американскиот претседател Бајден го одржа првиот митинг од кампањата за реизбор. На собирот истакна дека неговата политика отворила работни места и ја подигнала средната класа. Според него, сега е време богатите да го платат својот дел во даноците.

„Време е сите, без разлика колку се богати или моќни да почнат да го плаќаат својот дел. Време е милионерите и милијардерите и големите корпорации да го платат својот фер дел“, изјави Бајден.

Според експертите, првиот собир во Филаделфија, Пенсилванија ја одразува клучната улога во неговиот реизбор. Градот беше местото на неговиот изборен штаб во 2020 година, а државата беше една од неколкуте што гласаа за републиканецот Доналд Трамп во 2016 година, но се вратија на демократите четири години подоцна.