Селото Гари ќе се ревитализира!

16.05.2014 15:24

Завршена е физибилити студијата за ревитализација на селото Гари, во рамки на меѓународниот проект „Културната вредност во интерес на одржливото територијално управување и маркетинг“. Проектот е реализиран од страна на министерството за култура заедно со осум земји од Југоисточна Европа, а водечки партнер беше регионот Венето од Италија...

Гари е планинско село кое што долги години низ историјата било изложувано на разни притисоци и често пати раселувано. Помеѓу поранешните жители на село Гари постои една голема компактност и грижа за заживување на местото. Се вели дека селото живее два периоди во годината. За зимски Св. Јован и за летна Богородица. Учесниците во овој проект вложиле голем труд за заживување на селото Гари.

„Гари е едно многу убаво село во кое постојат интересни традиции и никој куќата не ја продава, а секое семејство има обврска куќата да ја остави во наследство“, вели Светлана Петровска од „Таргет комуникации“.

Петровска вели дека во селото Гари синовите и ќерките со своите веќе трети поколенија се уште живеат таму. Ова ни дава надеж и покрај тоа што моменталната состојба воопшто не е добра, дека ќе се  реализира проектот за ревитализација на селото.

„Беа изработени елаборати за валоризација на недвижните добра, изработка на конзерваторски проекти за потребите на детален урбанистички план, што би ја третирал споменичната целина“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.

Во регионот има лица коишто можат да се занимаваат  со  угостителска дејност, со што би се развил и туризмот.

 

Александра Перевска