Македонија

МВР: Во Лепенец пронајдено косовското „БМВ“ со безживотните тела на тројцата патници

18.06.2023 20:32

Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар, денеска во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце, информираат од МВР.

Пронајден е автомобилот „БМВ“ со косовски таблици и безживотните тела на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар, денеска во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце, информираат од МВР.

Оттаму велат дека е пронајдено и возилото „БМВ“ во кое тие се превезувале, а се потврдуваат и претходните информации дека по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.