Евакуација во Србија- илијадници луѓе чекаат помош

16.05.2014 15:39

Илјадници луѓе на покривите во повеќе српски општини чекаат помош, која не може да стигне до нив поради надојдената вода. Во тек е евакуација на илјадници луѓе од најтешко погодениот Обреновац. Поплавени се 80 проценти од градот, со хеликоптери се извлекуваат децата поради опасност од напукнатата брана. Властите предупредуваат –претстои сериозна борба со Сава која ќе достигне ниво од 6 ипол метри.

„Свесен сум за тешката ситуација во сите региони во Србија. Му кажав на градоначалникот на Коцељево да престане да се жали. Сме ја обновиле земјата и во потешки ситуации“, вели Александар Вучиќ, премиер на Србија.

Вчера надојдената вода однесе пет животи во Србија, денеска е исчезнато постаро лице во Обреновац. Во текот на ноќта свлечиште однесе 11 куќи во Бајина Башта. Во повеќе места храна и чиста вода се доставуваат со чамци, нема струја, а попречена е и мобилната телефонска мрежа. Метеоролозите со песимистични прогнози до среда.

„Долниот кат од куќата е целосно уништен. Имав малку добиток, но го однесе“, вели еден жител. „Само кучето, на покривот е“, додава тој.

Во Босна и Херцеговина, Шамац во опасност од две реки – Босна ги поплави улиците, Сава се заканува да ги пробие одбранбените насипи. Во Вогошче се урнаа осум куќи, има тројца повредени. Хрватски хеликоптери во евакуираат населението во Маглај.

„Втор пат останувам без ништо“, вели жител на Добој.

Во Загреб, во текот на ноќта ураганското невреме креваше покриви, но силата му се намалува - црвениот аларм е сменет во жолт. Во Ниш во Србија веќе слета првиот руски авион со спасувачи кои ќе им помогнат на локалните власти, а помош испрати и Словенија.

Ивана Салтировска