Временска прогноза
Сончево и потопло време
19.06.2023 08:10
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и значително потопло со мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој поизразен ќе биде долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.
